5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Пратеничка низ солзи: Со гласањето а смена на името и за смена на Уставот ги предадовме нашите идеали, ќе биде срам ако ЕУ не ни додели датум за преговори

Пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ), низ солзи им се обратила на колегите од хрватскиот Сабор, на денешната средба во Собранието, со голема вознемиреност заради можното недобивање на датум за преговори со ЕУ, дознава Магазин од собраниски извори.

Во своето емотивно обраќање пратеничката Поповска истакнала дека пратениците од собраниското мнозинство изгласале се што било побарано од нив, па дури и претешките отстапки како договорот со Атина, договорот со Софија и болното менување на Уставот.

-Со гласањето за смена на името и за смена на Уставот ние ги предадовме нашите идеали, и ќе биде голем срам, ќе предизвика голем политички потрес и фрустрации во државата доколку сега ЕУ повторно не ни додели датум за почеток на пристапните преговори, истакнала драматично Лилјана Поповска и се извинила за солзите.

Двајцата копретседавачи со состанокот, пратениците Емил Димитриев и Домагој Милошевиќ, биле малку затечени од ваквиот настап, но конверзацијата продолжила во пријателски и смирувачки тон, при што хрватските пратеници истакнале дека мора попрагматично да се разберат околностите во кои се наоѓа ЕУ и дека оплакувањето на судбината нема да помогне. Од страна на хрватската делегација било подвлечено дека официјален Загреб ќе лобира Македонија да добие датум, но дека главниот збор сепак ќе го имаат Франција, Германија, Холандија и Данска.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -