27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Ќе се градат три нови патарини на автопатите на Македонија

Три нови патарини ќе никнат на автопатите во земјава, кои возачите ќе ги чинат дополнителни трошоци. На вчерашната владина седница било одлучено да се изградат патарини на автопатите кај Демир Капија – Гевгелија, што особено ги интересира оние што ќе патуваат за Грција, но и на новите патни правци Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип.

Владата даде зелено светло и за можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Надлежните се уште не ги откриваат цените, односно колку граѓаните ќе плаќаат на новите патарини. Нема информации ниту кога ќе биде пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци Штип, а се апелира да не се вози преку него, бидејќи се прават проверки од безбедносен карактер.

Извор: Телма

поврзани објави

Последни објави