Ако вашата работа од соништата е да отпатувате на едно од најубавите места на светот, сега ја имате таа шанса!
Компанијата за краткотрајни наеми “AirBnb” ги здружила своите сили со италијанското село Гротоле и на неколку среќни кандидати им нуди шанса да волонтираат и потполно да се прилагодат на италијанската култура и начинот на живот.
Четворица кандидати ќе живеат во италијанското село Гротоле, кое се наоѓа во јужна Италија на околу 220 километри од Неапол. Моментално има само 300 жители, а новите “дојденци” ќе соработуваат со организацијата “Wonder Grottole” за да внесат нова енергија во заедницата, да го научат јазикот, да готват и да им помагаат на жителите во земјоделските работи. На идиличното село му се заканува ризик од исчезнување, па оттаму и овој проект кој има намера да го оживее.
Што е потребно за да се пријави: Мора да имате над 18 години. Мора да се преселите во Гротоле на три месеци, во период од јуни до август 2019 година. Мора добро да го познавате англискиот јазик и да бидете отворени за учење на нов јазик. Познавањето на италијанскиот јазик е предност.
Кандидатите мора вредно да учествуваат во животот во селото.
Ако овие критериуми се нешто што не ви претставува проблем, тогаш можете да се пријавите на следниот линк.