3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

Српската манекенка открива: Го молев да заврши еднаш засекогаш со мене

Српската манекенка Тања Ѓукиќ, која изминативе неколку години работела како модел во Турција, била ѕверски претепана од своето момче, турски државјанин, со кое била 2 години во врска, во нивниот заеднички стан во Истанбул.

-Бевме две години во врска и живеевме заедно во Истанбул. Редовно доаѓавме во Србија, го посетувавме моето семејство, па дури славевме Божиќ и Велигден со нив. Тие го обожаваа, во Србија беше прекрасен, но тоа се очигледно беше маска на опасен психопат. Проблем беше неговата љубомора. Насилство имаше уште во првиот месец од нашата врска, но поминував покрај тоа бидејќи не беше сериозно како сега, а тој секогаш се извинуваше, плачеше, ветуваше дека нема никогаш повеќе. Не можам да кажам, имаше прекрасни моменти, но сега сфаќам дека сум била ж=ртва и дека цело време го правеше тоа што тој го сакаше, а не она што јас сакав – рекла манекенката.

Во интервју за српските медиуми ја раскажала и кобната ноќ.

-Во неделата имав сликање, топј дојде по мене и почна да ме напаѓа дека сум флертувала со фотографот. Се обидев да го смирам и да му објаснам дека не е така, дека сето тоа е во неговата глава и дека мора да се исконтролира, но за жал, не успеав. Дојдовме до станот каде ми ја искина цела облека на мене, ми го зема телефонот, ја заклучи вратата и ги спушти сите метални заштити на прозорите за да не повикувам помош. Потоа почна да ме тепа со што стигна, со нозе, раце, боксови – рекла манекенката.

-Ме тераше да признаам што сум правела на сликање, но јас немав што да признаам. Насилството започна во околу 19 часот, а јас останав без свест во околу 2 часот по полноќ, а тогаш конечно ме заклучи во соба и ме остави на мира – открива Тања.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави