3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски вечер на Телма кај Снежана Лупевска Созен

Вечерва во 19.15 часот ќе бидам гостин во Топ Тема на Телма телевизија. Со Снежана Лупевска Созен ќе дискутираме за пописот, датумот за преговори, за актуелните теми и прашања за граѓаните. Следете не, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прочитајте повеќе: Јаулески: СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата, илјадници се иселија

Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите кое ни се случува откако тие дојдоа на власт. СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата. Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект кој го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Секојдневно полни автобуси како од внатрешноста, така и од Скопје ја напуштаат Република Македонија. Училиштата се празнат, а амбасадите од Западна Европа годишно даваат неколку десетици илјади работни визи на наши граѓани, воглавно млади кои одлучуваат да работат и живеат надвор од државата. Ова почитувани е реалноста, редици пред амбасади, празни училишта и полни автобуси правец Западна Европа. Ова е епилогот од владеењето на СДСМ, рече Јаулески и додаде:

„Дарко Каевски и Зоран Заев се директно виновни за голготата низ која поминуваат младите. Поради неспособноста и неработата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа. На младите не им требаат празни флоскули и картички за попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не уназадување“.

поврзани објави

Последни објави