3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фото: Груевски ужива на брод со мажи чиј лик е скриен

Унгарските новинари не престануваат да го следат движењето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Изминататите денови се разви приказната со неговата тајна средба со унгарски дипломат во стан за изнајмување, чие присуство беше забележано од камерата на новинарот на порталот 444, Петер Ердеј. Груевски не сакаше да коментира и цело време повторуваше дека нема да дава изјави, по што замина со возило со германски регистерски ознаки. Веднаш по ова средба, Груевски беше виден на прием на еден од бродовите на Дунав. Новинарот Балаж Цеко објави фотографија на својот Твитер налог каде се гледа дека екс премиерот е во друштво со неколку мажи, чиј лик е скриен на фотографијата.

Во коментарот во прилог на фотографијата, новинарот по хронолошки ред потсетува дека Груевски се сретнал со заменикот државен секретар во унгарското МНР, Иштван Ѓеу во стан за изнајмување на двајца кинески државјани, од кои еден е инвеститор со престој во Унгарија, по што откако беше фатен на излегување од новинарот на 444, е виден на бродот. При тоа, новинарот потсетува на зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој пред неколку месеци изјави дека унгарската влада нема ништо со бегството на Груевски.

Откако беше објавено видеото на 444, весникот го објави ставот на унгарското МНР, кое тврди дека тоа не било ништо необично што е во контакт со лице ке долги години било премиер на својата земја.

Сепак, новинарот на „444“ во изјава за „Телма“ смета дека средбата била тајна, бидејќи во спротивно не би се среќавале во приватен стан.

-Ако МНР сака да се сретне со некого може да го поканат во министерството или на многу други места. Мислам дека сакале да ја држат средбата во тајност, но имаа неверојатно лоша среќа“, изјави Ердеј за „Телма“.

поврзани објави

Последни објави