-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев ќе се сретне со Меркел во четврток: Тема на разговорот – договор за датумот за преговори со ЕУ

Кусите технички рокови и приоритетот на Брисел да се избере новиот состав на Европската Комисија ја става Македонија во втор план, а со тоа, и можноста земјава да го добие датумот за преговори уште летово.

Поранешниот амбасадор во Берлин, Ѓорги Филипов не очекува пресврт на средбата меѓу премиерот Заев и неговиот домаќин Ангела Меркел во четврток во Берлин, по пораките дека канцеларката не е за брз датум за преговори за земјава. За Филипов, процедурата во самиот Бундестаг, каде Македонија треба да се најде на дневен ред, не зависи само од волјата на Меркел и нејзината коалиција.

-Толку многу услови не се исполнети што мислам дека шансите се сведени на теорија. За да се гласа во Бундестагот, Германија треба да чека потврда и од другите земји на ЕУ дека се за земјава да ги почне преговорите, вели Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор во Берлин

Заев и владина делегација во среда патува за Берлин, каде право ќе има обраќање на годишното Собрание на Стопанската комора на Германија, а ден потоа и средба со канцеларката, на која неофицијално, ќе се отвори прашањето Македонија при одлучувањето да биде одвоена од Албанија, за што постои, добро расположение кај поголем дел од земјите членки.

Првиот тест Македонија ќе го има на 18-ти месецов во Луксембург на Советот на министри, на кој неофицијално, прашањето за датум ќе биде оставено за во јули или најдоцна октомври.

поврзани објави

Последни објави