20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Мицкоски: Мој личен став е дека 120 изборни единици е интересно решение

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма телевизија одговори на прашањето за промена на изборниот модел, зад чија иницијатива застана и претседателот Стево Пендаровски, а на барање на речиси сите помали политички партии во државата.

Можно е да имаме една изборна единица, може три да имаме, може да си останат шест изборни единици, може да имаме една изборна единица со праг како што е тоа во другите дмеократски држави во Европа, може да имаме 120 изборни единици, може да имаме комбиниран изборен модел. Ќе го анализираме сето тоа и ќе ја запознаеме јавноста. Ќе понудиме решение кое ќе одговара на сите граѓани на Македонија, а не на политичките елити.

Мој личен став е дека 120 изборни единици е интересно решение, 120 пратеници има нашето Собрание, зошто да не размислуваме за таков модел па да се натпреваруваат потенцијалните кандидати за пратеници во Собранието, рече Мицкоски.

Прочитај повеќе: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се залага за датум за преговори, граѓаните да не бидат заложници на неспособната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на емисијата Топ Тема на телевизија Телма истакна дека опозицијата се залага Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

Тој посочи дека граѓаните не треба да бидат жртви и заложници на неспособната власт, односно дека тие заслужуваат да бидат дел од Европската Унија.

-Јас бев сега во Берлин, имав сериозни средби, наша делегација беше во Брисел. Нашиот став е многу јасен, немојте да ги казнувате граѓаните затоа што се овие неспособни, овие повторно ќе бидат неспособни. Но граѓаните, има луѓе кои што знаат како да работат, се домаќини луѓе кои што заслужуваат да бидат дел, бидејќи веруваат во тие Европски вредности, веруваат во тие вредности кои што сакаат да бидат дел од нивниот живот. Оставете ги овие политички манипуланти, клиентелист, материјалист. Тие се задоволуваат со неколку обожаватели кои тапкаат по рамо и им велат шефе најдобар си. Ние функционираме поинаку, граѓаните го заслужуваат тоа и ние го побаравме тоа од нашите пријатели, вели Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави