11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колемишевски: Никој друг, единствено Љубчо Георгиевски од политичарите во 1990 година беше за независна и самостојна Република Македонија

Некогашниот член на СДСМ Панде Колемишевски кој важеше и за близок соработник на Киро Глигоров во гостување кај Миленко Неделковски вели дека во 90-тите единствен човек и единствена партија кои биле чистогласни и јасни за независна Република Македонија биле тие од ВМРО на чело со Љубчо Георгиевски.

Без разлика што бев во жесток конфликт со господинот Љубчо Георгиевски во 91 година, единствена партија, единствен човек што беа чистогласни и јасни за независна Република Македонија беа само тие од ВМРО и Љубчо, вели Колемишевски.

Прочитај повеќе вести: Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

По аферата со аудио снимката, пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

поврзани објави

Последни објави