11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Груевски е осуден и е во бегство за случајот со набавката на Мерцедесот.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

Богоевски поднесе оставка по објаените разговори на социјалните мрежи.

По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.

поврзани објави

Последни објави