Груевски не се изјаснил, Богоевски ќе размислува дали ќе поднесе барање за апанажа од 1.000 евра

109

Никола Груевски, кому денеска му беше констатирана оставката во Парламентот и кој по судските процеси доби политички азил во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година. Ова право го има и Павле Богоевски, кој денеска поднесе, а Собранието му ја констатира оставката, пишува порталот Плусинфо.

Засега нема информација дали Груевски, кој е во Будимпешта, ќе поднесе барање за плата, додека Богоевски, како што кажа на прес-конференција во Собранието, сé уште размислува за тоа.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека досега Груевски не поднел барање за апанажа.
И Груевски и Богоевски беа пратеници повеќе од две години односно во парламентот се од крајот на 2016 година и според Законот за пратеници можат да остваруваат право на плата една година. Сумата што тие би ја добивале е 63.000 денари, односно онолку колку што изнесуваше досега нивната плата.

Прочитајте повеќе на порталот Плусинфо ОВДЕ