Од вчерашното поставено прашање за проблемот со градскиот базен во Штип стана јасно следното:
Едните го „продале” другите го „затвориле” градскиот базен!
Тоа е жалната штипска слика, но и трагедијата на целиот верен исток веќе 28 години. Не успеаа да го одржат тоа што е изградено во далечното минато, а камоли да изградат нешто ново, модерно и европско.
Не мора да зборуваме почитувани сограѓани, доволно е да погледнете околу вас. Да, вие од Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Пробиштип, Кочани, Штип насекаде од истокот. Дали нема стотици примери како едните го продале објектот, а другите го затвориле?
И после со целата невоспитаност, констатираат дека младите бегале и се иселувале од истокот!
Затоа најискрено апелираме ако случајот со базенот во град Штип е таков каков што ни го претставија пред целата јавност, тогаш некој мора да сноси одговорност.
Во оваа земја е крајно време да проработи правото и правната држава.
Каде е јавното обвинителство? Каде е МВР? Зошто уште никој не сносил одговорност?
Почитувани сограѓани, одговорот е едноставен. ДПМНЕ и СДСМ се дел од проблемот, тие не се решението“, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на ГДУ- Штип, Борче Пачемски.