5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Георгиевски: Изјавата за Гоце Делчев е стара најмалку 8 години, но стојам зад содржината која што е кажана уште тогаш

Деновиве актуелна тема во македонско – бугарската јавност е датумот за чествување на Гоце Делчев односно неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот 7 октомври, по што министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече дека Гоце Делчев самиот се изјасил како Бугарин.

Во одредени македонски медиуми посебно актуелна денес е изјавата на екс премиерот Љубчо Георгиевски, иако таа како што вели самиот тој во изјава за нашиот медиум, не е од вчера туку е стара повеќе од 8 години.

Ние од порталот „Поглед“ се обративме до господинот Георгиевски и тој ни изјави дека вчера не давал никакво интервју, дека ова интервју е старо најмалку 8 години што може многу лесно да се провери, но дека содржината на интервјуто и тоа што го кажал е таа истата зад која стои.

Од она што го провериме на „Youtube“ излегува дека Георгиевски е во право и дека интервјуто е прикачено на интернет на 22 април 2012 година односно точно пред речиси 8 години.

Фото: Објавено на Јутјуб на 22 април 2012 година

На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор?

Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип.

Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште?

И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев, сите тие беа учители на Бугарските училишта во Република Македонија.

Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два, стои во тогашната изјава на господинот Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави