По случувањата денеска во Берлин, од БЕСА бараат избори.
Денес во Берлин не се одржа ветувањето за отпочнување на преговорите со ЕУ овој месец, а и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на годинава, го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и веднаш да распише предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами.
„Северна Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на владата да ги аплицира очекуваните реформи, но заради убедувањето и определбата на сите граѓани на државата“, смета лидерот на Движење БЕСА.
Тој додаде и дека после ваквите избори сигурно ќе дојде политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на државата во Европската Унија.