8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Колев со прашања до Бочварски: Дали штипскиот базен е продаден заради бакарот?

„Дали причината за продажбата на штипскит базен лежи под него и не е видлива со „голо око“? “, напиша на својата официјална фб страна, претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев.

Во продолжение Колев постави и неколку прашања до градоначалникот Бочварски и локалната самоуправа

„Никој не сака да го постави прашањето, зошто е продаден градскиот базен?

Ќе се обидам поставувајќи прашање до локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски, да го предизвикам откривањето на вистината за продажбата на базенот, па штипската јавност нека суди и во иднина нека решава кому ќе доделува доверба и власт во нашиот град.

Дали е точно дека градскиот базен е обвиен од еден многу вреден благороден метал, кој служи како хидроизолација и е над 100. 000 килограми? Дали е точно дека пазарната цена на тие над 100. 000 килограми од тој метал (бакар пример) е 4-5 пати повисока од цената на која е продаден објектот? Дали има решение од Општинскиот совет за продажба на базенот, кои советници гласале ЗА и од која партија?

Дали со средствата од продажбата на истиот благороден метал, можеше да се санира целиот базен, и со многу мала инвестиција да се покрие со балон- систем и денеска нашиот град да имаше покриен, а не затворен базен?

И најважното, ќе сноси ли некој одговорност за сето ова или по стара наша пракса ќе биде „секое чудо за три дена“?!

Почитувани сограѓани, за жал, уште еднаш нашето општество и нашиот град стануваат жртви на немањето информација, градежната инвазија и лакомоста на некои локални политичари.

На Штип му е потребен базен, Штип мора да има таков спортски објект. Не заради нас, туку заради идните генерации штипјани. Пливањето како спорт е здравје, ние сме должни да им ги осигураме тие услови на нашите деца.”

Целата писмена реакција на претседателот на ГДУ, Петар Колев, можете да ја видите ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -