Заев открива досега непознати детали: Груевски се сокрил во багажник и избегал?

0
1
Зоран Заев

„Знаеме како Груевски избега од земјата“, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг каде за прв пат открива детали од бегството на екс премеирот, пренесе „Дојче веле“.

Заев за ФАЦ тврди дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјава.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, тврди премиерот.

Додека тезата за криењето во багажникот е веќе извртена во јавноста, но не и потврдена од Обвинителството, за првпат еден носител на висока политичка функција во земјата излегува со тврдење и дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати уште на самата граница.

Извори од Јавното Обвинителство велат дека претпоставки има, но докази – нема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here