6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Новиот директор на „Шутка“ со бурен почеток, вработена во МВР го нападнала

Од МВР потвдија дека се случил инцидент, но вербален. Имало жена, но само вербално се заканувала кон директорот и си заминала, не направила ништо. Идентификивана, пријавен случајот и се презеѓаат мерки за расчистување.

Жена му се заканувала со бомба на новиот директор Есад Рахиќ пред затворот Шутка. Неофицијално жената е вработена во МВР, но не познато кои се причините за заканите.

Котевски сменет, Рахиќ нов директор на „Шутка“

Ѓоко Котевски е разрешен од функцијата дирктор на КПУ „Затвор Скопје“ и на негово мсто е назначаен Есад Рахиќ, било решено на владина седница.

Котевски си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во дворот на затворот. Оставката беше привременo сопрена поради изборите.

На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

поврзани објави

Последни објави