Северна Македонија и Гоце Делчев?!?
Учебник по историја за VIII одделение Година 2080, Скопје Република Северна Македонија
Тема II Република Северна Македонија
Под силен меѓународен притисок и уцени од Грција, а со цел влез на Македонија во НАТО и ЕУ, државата го менува своето име во Северна Македонија… тоа не било согласно желбите на македонските граѓани… “
Ова создава народен отпор, борба за тргање на фасадата “Северна” од лицето на убавата Македонија! Отпорот е се посилен… не запира… секој се бори на свој начин… до оној ден, додека Северна не е минато! Борбата за Македонија е вечна!
Учебник по историја за VII одделение Година 2080, Скопје Република Северна Македонија
Тема III – Македонската револуционерна борба
Под силен меѓународен притисок и уцени од Бугарија, а со цел влез на Македонија во НАТО и ЕУ, државата прифатила “промена на историјата”… таа промена се однесува на карактерот на револуционерната борба за слобода… поради меѓудржавниот договор и уцена, Гоце Делчев добива бугарска етничка припадност… на тоа низа македонисти истакнуваат забелешки… тоа не било согласно желбите на македонските граѓани.“
Ова создава народен отпор, борба за истакнување на “историската вистина” за Македонија! Отпорот е се посилен… не запира… секој се бори на свој начин… до оној ден, додека “вистината” не излезе на виделина! Борбата за Македонија е вечна!
Грците го предадоа Каравангелис! Зар ние да го предадеме Делчев Војвода?
Зар појавата на “нов тип на македонизам” да лежи на грбот на Гоце Делчев? Причините за појавата на “македонскиот сепаратизам”, стојат во Софија! Причините за идната злоупотреба на “новиот македонизам”, повторно стојат во Софија.
Оската Софија – Скопје, под будното око на соседот, која сака да спечали на грбот на чесната борба за слобода на Македонија, е осудена на пропаст!
Робувајќи на дневно политички интереси, не се создава ИСТОРИЈА!
Сакајќи Вие или не, Македонија и Бугарија, Македонците и Бугарите ќе живееме во трајно и вечно пријателство, низ тесниов Балкан и низ широката Европа.
Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ. И точка.
“Секој кој работи на судир помеѓу Македонија и Бугарија, може да биде добар Унгарец, Турчин, Грк или Србин, но не и добар Македонец или Бугарин!”
Фејсбук статус на Петар Богојески