-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уште една албанска политичка партија бара предвремени парламентарни избори

Многу внимателно го прочитавме соопштението издадено од германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел по состанокот со премиерот на РСМ, Зоран Заев и не видовме ветување за датум за отворање на преговори помеѓу ЕУ со РСМ. Дури немаше ни заедничка прес-конференција, нешто што е вообичаено за состаноци од такво ниво, се вели во соопштението од Одделение за европска интеграција Алијанса за Албанците.

Во изјавата на германската канцеларка не се споменуваат зборовите ширење, туку само зајакнување на стабилноста во регионот, во согласност со новата стратегија на француската влада за Западен Балкан.

Она што е веќе познато е дека германскиот Бундестаг во септември ќе ги разгледа извештаите за напредокот и препораката од Европската комисија повторена веќе 10 години за отворање на преговори за членство во Северна Македонија. И да не заборавиме дека ЕУ е клуб на 28 земји членки, каде што таквите одлуки се донесуваат со консензус.

Нас не загрижува изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои јавно признаваат дека овој консензус не постои. И причините за ова се многу јасни, ако внимателно се анализираат дискусиите во парламентите на Германија, Франција и Холандија. Додека сите се согласуваат дека Северна Македонија направи одлична работа во надворешната политика и добрососедството, тие нагласуваат дека внатрешните реформи целосно се блокирани.

Во извештајот за напредокот се забележува дека корупцијата е распространета во многу области и останува предмет на загриженост, како и непочитувањето на независноста на судството и политичко мешање остануваат значителни проблеми. На граѓаните треба да им биде јасно дека ова е главната причина за одложувањето на одлуката за отворање на преговорите.

поврзани објави

Последни објави