14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Нова страотна сообраќајка на патиштата во државата, овојпат на патот Скопје – Блаце

Пет лица се повредени во сообраќајна несеќа што се случи на магистралниот пат Скопје – Блаце. Полицијата соопшти дека до несреќата дошло кога Н.Г.(36) од Косово кој управувал со автомобил „рено клио“ претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во БМВ кој го управувал Ш.С.(37) од Косово со привремен престој во Тетово.

Во несреќата се повредени М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „рено клио“, И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Третиот сопатник од истото возило Ш.Л. (37) од Косово, е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Со телесни повреди исто така се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г. Едниот од возачите е пренесен во болницата во Тетово, додека вгториот во Градската општа болница „8-ми Септември“.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави