Денес е годишнина од стрелањето во Ваташа и сите портали го објавуваат. Вчера беше годишнина од почетокот на Тиквешкото востание,буквално само еден портал ја објави информацијата.
Двата масакри по својата големина и ѕверства не можат да се споредат. Поголемиот го забораваме помалиот го памтиме.
Ете затоа сакаат со вакви договори да ни го дотераат умот и да не научат која ни е историјата.
А за експертите од типот на Јоци, Гоце Делчев пред да стане бугарски учител во османлиска Македонија завршил за бугарски офицер. Заедно со Ѓорче Петров напишале устав на ВМРО во кој напишале дека член на организацијата може да биде само оној кој е член бугарската егзархија. Исто така бугарски учители биле и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Никола Карев…. и сите што биле учители а другите пак биле бугарски офицери како што е командантот на Илинденскотo востание Борис Сарафов.
Во монографијата Гоце Делчев на академик Христо Андонов Полјански издадена десет години пред распадот на Југославија има објавено четири фотографии на Делчев во униформа на бугарски офицер. Има и свидетелство потпишано од него, и на него може убаво да се види кој јазик им го предавал како мајчин.