6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Канзуров: Секој може да отвори Гугл и да го прочита писмото на Гоце Делчев до Никола Малешевски каде што кажува дека народноста му е бугарска

Бугарското национално движење почнува во Македонија. Македонија тогаш не се вика Македонија. Браќа Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Константинов Џинот се творци на бугарското национално движење, сите тие се дефинираат како бугари.

Гоце Делчев е исто така бугарин по народност. Секој гледач може да отвори на Google може да го отвори писмото до Никола Малешевски каде што кажува дека му е бугарска народноста. Што да правиме когато сме си блгари така, вели Канзуров во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

Во масовното мислење во Македонија се смета дека Гоце Делчев е македонец, а тоа не е точно, додава тој.

Канзуров во интервјуто на Алфа вели дека негирањето на бугарскиот етнички идентитет на цела лепеза исторички личности во Македонија е неуспех на партијата Герб на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Овде 70 години се развива идентитет на антибугарска основа, тој процес е веројатно неповратен, не инсистираат овде на некаква ребугаризација, мислеа дека кога ќе се извадат документите, македонската страна ќе признае дека порано клучните историски личности биле со бугарски идентитет, вели Канзуров. Една од крупните грешки според Канзуров е изборот на членови на комисија од бугарска страна.

На ова негово излагање Канзуров доби прашање – ако не ви се допаѓа начинот на кој македонската држава ги третира бугарите кои живеат во земјава зошто сте тука, зошто не ја изберете Бугарија за живеење?

На ова Канзуров и одговори: За да посочам на шовинизмот кое го содржи вашето прашање. Тоа е истото како би го рекле на Германците кои живееле во нацистичка Германија а не се согласувале со тоа. Контекстот на вашето прашање е тоа, ви благодарам што го упативте тоа прашање бидејќи тоа го покажува шовинистичкиот карактер на опцијата која стои зад оваа телевизија, ДПМНЕ Ваљево. Како антибугарска партија, се колебав дали да го честитам роденденот на партијата, јас присуствував на основачкото собрание, па упатувам честитка до старите членови на партијата, оние кои ја основаа партијата, а не до овие од сега, ова е сега некаква пародија.

поврзани објави

Последни објави