2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски објаснува што го прави најсреќен: Па зарем има поголемо богатство од ова?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Клан Телевизија истакна дека материјалното не го прави ниту среќен, ниту задоволен. Тој посочи дека поголемо богатство од тоа да е претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија нема.

-Па зарем има поголемо богатство од тоа да си претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. За мене нема, а материјалното мене ниту ме прави среќен, ниту задоволен. Јас волонтирам во ВМРО-ДПМНЕ, професор сум на Универзитетот и од таму земам месечни примања. Инаку во партијата волонтирам. И се возам со сопствено возило, немам ни партиско возило, вели Мицкоски.

Нема никогаш да си дозволам како егзибеционист и себичен политичар да ветувам едно, да се колнам во дедовината, во татковината итн. А, првиот момент кога ќе ми се укаже можност ќе го променам мојот став заради лична корист и заради личен материјален бенефит, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тогаш и сега вели дека штетата е направена и таа штета денеска е срамна.

-Уништено е достоинството на Македонија, македонскиот народ и македонската нација. За да се вратиме ние чекор назад нас ни требаат две третини во парламент и ни треба бандатерово мнозинство. Ние не можеме да ветуваме нешто да ги креваме очекувањата кај граѓаните дека ќе направиме само за да добиеме власт и потоа да уживаме во привилегиите од таа власт, а ништо да не направиме од тоа што сме го ветувале, посочи Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави