11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Мицкоски објасни како може да се поправи Преспанскиот договор: Остварливо ли е ваков процес?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостуваше на телевизија Клан. Тој во интервјуто нагласи дека штетата направена од Преспанскиот договор денеска значи срам и уништено достоинство на сите граѓани на Македонија, но дека според него може да се направи чекор назад.

Коментирајќи за тоа што може да се направи во иднина на она што е веќе потпишано, Мицкоски вели:

Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство.

Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта ја посрамотила земјата, а дека сега не сме ниту во чекалницата на ЕУ. Тој се осврна и на иселувањето и рече дека сме далеку од блеескање. Тоа најдобро го знаат тие кои ја напуштаат Македонија, кога ќе слушнам дека пет од десет студенти кога ќе ми речат професоре заминуваме, додаде тој.

поврзани објави

Последни објави