fbpx
7.8 C
Skopje

Силна експлозија во нуклеарна централа во Франција

АКТУЕЛНО

Утрово во нуклеарната електрана Фламанвил во Франција се случи силна експлоција, и тоа во самото „срце“ на електраната, но за среќа надвор од нуклеарната зона.

Според француските медиуми, во несреќата пет лица се со полесни повреди, и имаат симптоми на затруеност од јаглерод диоксид, додека пак за среќа потешко повредени нема.

„Се работи за сериозен технички проблем, но не и за нукеларен инцидент. Причината за експлозијата ќе биде утврдена со истрага, но најверојатно се работи за краток спој“, изјави Оливер Мармион, претставник од Манш.

Пожарот во најбрз можен рок бил изгаснат, а реакторот бил исклучен од мрежата. Локалните власти најавија дека ќе биде покрената истрага за да се утврдат причините за експлозијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -