Реконструкцијата на владата е неминовна бидејќи сега живееме во бајка дека ние во октомври ќе добиеме датум. Кој вели дека датумот е сигурен во октомври. Ние никаде немаме ветување дека датумот е сигурен. Ако беше така ЕУ јасно ќе кажеше, сега не добивте датум, но датумот ви е тој и тој за отпочнување на преговори. Ако така кажеше ние сега ќе имавме прослави по плоштадите. Се сеќавате дека лани славевме на плоштадите, рече комуникологот Никола Тасев во гостувањето на телевизија 24.
Мислам дека премиерот требаше да го врати мандатот, да побара нов мандат, да добие 15 до 20 дена и да ги помеша картите. Во владината коалиција требаше да се исклучат одредени политички партии кои не ја завршија својата работа, можеби требаше да бидат вклучени нови политички партии кои имаат способни кадри, но и кадри кои се непартиски, што е уште побитно, а кои можат да ги избуткаат реформите во оваа држава.
Ние и да го добиеме датумот, ќе треба ние внатре да се промениме комплетно и да не очекуваме некоја волшебна пресвртница во однос на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. Промената доаѓа од самите нас внатре, додаде тој.
Тасев рече дека две години се поминати откако СДСМ се на власт а дека реформите не треба да останат само на збор, туку истите треба да бидат почувствувани од самите граѓани.
Две години поминаа откако СДСМ се на власт. Ако допрва почнуваат реформите да ги прават, нема кога да се завршат односно истите да бидат почувствувани од граѓаните. Еве пример:
Градоначалникот на Скопје Шилегов го најави во предизборната кампања тунелот под Кале, досега уште пет пати го најавува. Кога допрва ќе го гради, праша Тасев и додаде: И тој, мислејќи на Шилегов, има две години од мандатот.
Тасев смета дека изолацијата на државата во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше во најлош момент, а од друга страна оваа влада ги релаксирала односите со соседите, па дури и на наша штета, што нему лично не му се допаѓа.
Јас не се согласувам мојата држава некој да ја третира како домашно галениче. Јас сакам да ја третираат како рамноправен партнер. За да бидеме рамноправен партнер треба да се потрудиме да бидеме тоа. Тасев додаде дека не треба да ни се наметнуваат розевите очила од времето на Груевски а дека датумот за преговори е само некаква маска.
Линк од гостувањето во продолжение:
Posted by Телевизија 24 on Friday, June 21, 2019