Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со Јоханес Хан кажа дека позитивен став за платформата на Албанските политички партии, но конечниот став ќе го соопштаат откако ќе го добијат мандатот.
Тој рече дека Али Ахмети досега лично не му побарал никакви писмени материјали, односно пишан документ за прифаќање на платформата, но ако сепак решил да го бара тоа истото и ќе го добие.
Лидерот на СДСМ рече дека е подготвен да разговара со сите партии од албанскиот блок, нагласувајќи дека има и некои црвени линии.
На прашање што мисли за изјавата на Мендух Тачи, по средбата со Хан, во однос на тоа дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ веќе се договорени за Влада поддржана од Алијансата, Заев одговори дека е очигледно дека Тачи цел месец не бил во државата и не знае што се случувало тука.