15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Се огласи градоначалникот на Шутка Курто Дудуш – упати порака до новинарот кој ја објави снимката

Градоначалникот на Шутка Курто Дудуш утринава во изјава за „Фокус“ најави пријава поради објавената аудио-снимка од страна на порталот „Лидер“, на која, според медиумот, се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината. Градоначалникот на Шуто Оризари во изјава за Фокус тврди дека станува збор за монтирана сминка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед.

„По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај!“, вели Дудуш.

Од друга страна, медиумот Лидер повикува МВР и обвинителството да реагираат за случајот, а во веста за денешната реакција на Дудуш, ги повторува неговите зборови кои според нив, тој, ги употребува во самиот разговор од објавената аудио снимка.

За снимката се огласија и од СДСМ од каде што велат дека очекуваат сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.

Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, стои во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави