Во медиумите во петокот вечерта беше објавена аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопско Шуто Оризари, Курто Дудуш, од владејачката СДСМ, како наводно физички малтретира едно лице во канцеларија, а откако Дудуш најави тужба, новинарот Љупчо Златев најави нов разговор, којашто че биде објавена на страницата на Лидер во текот на денот.
Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“ но и со образложение дека не знаат на кој начин е прибавена. Како што наведува порталот, на снимката се слуша како градоначалникот Дудуш го прашува извесен Сенат зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува.
Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, во реакција до медиумите најави пријава за објавената аудиоснимка. Тврди дека се работи за монтирана снимка од осуденик и ако била вистинита ќе бил со повреди а за тоа ќе се водел случај.
Иначе, за Курто Дудуш и неговото тепање на човек во кабинетот, свиркачот денес ми даде уште едно аудио.Ова трае цели 18 минути!Ќе го гледате многу скоро, да го преведеме прво 🙂
Posted by Ljupcho Zlatev on Saturday, June 22, 2019