Признавањето на Делчев за Бугарин е црвената линија што Скопје веројатно нема да биде спремно да ја премине, истакнал во интервју за Еурактив претседателот Стево Пендаровски. Тој предупредил на растечката можност за тензии со Бугарија, пред сè поврзани со работата на заедничката историска бугарско-македонска комисија.
Бугарите почнаа да се жалат во Брисел за работата на комисијата, се жалат дека нема резултати… Неофицијално, тие велат, ако нема резултати, ‘ние ќе блокираме’, рекол Пендаровски во интервјуто, пренесува Еурактив.
Кога ЕУ-порталот побарал коментар од Бојко Борисов за недостигот од консензус на ниво на ЕУ за отворање на разговорите за пристап со Северна Македонија, бугарскиот премиер рекол:
Тие сѐ уште имаат многу работи за подобрување. Не ме сфаќајте погрешно, но сè додека се расправаат за Гоце Делчев, дали тој е Бугарин или Македонец, сè додека продолжува ова ситничарење, за хероите што се бореле и за Бугарија и за Македонија, за земјата на нивното раѓање и нашите најдобри песни се поврзани со ова, сè додека ова е нивната тема, а (бугарската) опозиција мене ме прашува што прави билатералната комисија, тие треба допрва да созреваат. Не ме сфаќајте погрешно.
Пендаровски во своето гостување во емисијата 360 на Алсат го повтори истиот став, дека „Вистина е дека Гоце се изјаснувал како Бугарин, таков бил историскиот контекст, но вистина е и дека се борел за самостојна македонска држава“.
Па дури на крај Гоце оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија, ќе дојде до политички проблем ако пристапот на Бугарите остане ваков, истакна тој.