5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Фото приказна која ќе ве растажи: Го ставив мојот мал син на гради, плачев бидејќи знаев дека ќе живее само неколку минути

Американката Алексис Фретз и нејзиното семејство пред нешто од три години доживеале нешто што никогаш нема да го заборават и оставило длабока рана во нивните срца. Оваа американка била во 19-та недела од бременоста кога почувствувала болки во стомакот.

Веднаш потоа била пренесена во болница каде што покажале дека на малото бебенце му чука срцето, а меѓу паузите, меѓу контракциите, истото се смалувало. Лекарите и кажале дека таа наскоро ќе се породи, а веднаш по породувањето, малото момче било ставено на градите ма мајката.

Фретз раскажува: Го примив на градите, можев да видам и почувствувам како неговото мало срце чука. Плачев. Во тој момент мојот сопруг, кој е професионален фотограф успеа да го забележи тој момент.

На почетокот ми беше многу тешко да ги гледам тие слики, но сега ми е драго што истите ги поседувам. Драго ми е што имам спомени од моето синче. Го нарековме Волтер Џошуа, по името на неговиот прадедо и татко, додава таа.

Foto

Американката подоцна во својот живот ќеркичка, а нејзината најстара ќерка на сите им кажува дека има две сестри и брат на небото.

Foto

поврзани објави

Последни објави