Бугарските политичари и државници треба да размислуваат на следното прашање: Каков македонски идентитет денеска тие ни препорачуваат на нас. Ако го тргнеме Гоце Делчев и ако ги тргнеме сите останати револуционери, тогаш денешниот македонец би требало да влече токму од тој комунизам континуитет кој тие го осудуваат. Тие на нас ни наметнуваат или да бидеме сврзани со Гоце Делчев, но ни викаат не можете да биде идентитетски сврзани со него, тогаш бидете со Лазар Колишевски или со Тито.
Познавајќи го Андреј Ковачев и неговиот цврст став тој е тврд антикомунист, човек кој многу често го критикувал комунизмот и тоа со право. Но од гледна точка од македонскиот современ идентитет за кој тој вели дека нема никаков проблем, прашањето е: од каде ние да влечеме корени во тој случај? Ако зборуваме за современа, модерна нација, дали не е поправилно да го влече својот континуитет од Гоце Делчев и Тодор Александров? Тогаш како ќе зборуваме ние за заедничка историја ако немаме никаква допирна точка со Гоце Делчев и Тодор Александров, прашува Колев во интервјуто на 24ТВ.
Јас верувам на комисијата за заеднички историски прашања и верувам дека експертите ќе најдат најдобро можно решение за чувствителните прашања. Политичарите би требало малку повеќе да им дадеме простор на членовите на комисијата за да си ја завршат добро својата работа, рече Колев и притоа додаде: Навистина имаме тешки прашања кои во некое време под некаква форма била затскривани.
Колев рече дека ако се сака да се дојде до разумно прашање мора работата да ја завршат експертите.