Популарниот британски пеач Џорџ Мајкал, кој почина на само неколку денови пред Нова година, се уште не е погребан, а сеуште не се знае кога овој чин ќе биде извршен. Обдукцијата на телото се уште неможе да ја одреди причината за неговата смрт. Резултатите од токсиколошките испутувања, направени веднаш после обдукцијата, се уште не се излезени.
Како што пренесуваат британските медиуми, тоа ќе потрае уште неколку седмици.
„Се очекува резултатите да бидат готови до крајот на месецот. За сега нема нова информација, но според полицијата, смртта на пеачот е сомнителна“, изјавил анонимен извор за списанието „БГНЕС“.
Резултатите од овие истражувања треба да докажат дали во моментот на смртта во телото на Џорџ Мајкл имало одредени лекарства, наркотици или алкохол, кои би ја предизвикале смртта. Во секој случај, датата на неговиот погреб се уште не е позната на семејството.