Па така сообраќајот беше пренасочен по локалениот пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“.
Утрово околу 7 часот започна најавениот протест на група граѓани со блокирање нa крстосницата на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“.
Причината за овој настан беше барањето на жителите на Кисела Вода кои бараат дислоцирање на Центарот за зависности од овој дел на населбата. Граѓаните најавуваат дека ќе продолжат со овие активности секој ден додека не се реши нивниот долгогодишен проблем.
Реакциите од останатите граѓани се огромни, на социјалните мрежи врие од објави, сите ги бараат своите права, па се поставува прашањето – има ли решение кое ќе ги задоволи сите?
-Вистина ми е жал за зависниците, уште повеќе за луѓето од Кисела Вода и Гази Баба, ама ние обичните смртници од Драчево треба ли да стигнеме или да се вратиме од работа?, е само една од низата објави.
Едни бараат протестот да се пренасочи пред Општина Кисела Вода, други советуваат да има разговори на луѓето кои го организираат протестот со луѓе од Владата.
И додека се бара решение, губат буквално сите. Дали и кога ќе има решение – останува да видиме.