Безразлика дали се директори или обични членови на друштвото, мажи кои имаат ќерки се погрижливи, нежни, дарежливи кон другите, затоа што се емпатично настроени.
Без оглед на тоа колку години има ќерката, таа секогаш ја извлекува нежната страна од таткото. Ова се докажало и по спроведените истражувања на данскиот универзитет Алборг и американскиот универзитет Мириленд.
Според тоа, шефовите и работодавците кои имаат ќерки, се значително подарежливи кон своите работници, отколку оние што имаат само синови. Добивањето ќерка влијае врз особините на мажите и ги менува, па на виделина излегуваат нивните карактеристики на блискост и одговорност, објасниле истражувачите.
Семејниот пристап се одржува и во односите со вработените, па затоа најчесто може да дојде и до зголемување на платата.