14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ќе остане во сеќавањата: Како изгледа кога Шабан Шаулиќ плачеше на песната „Отац“ во Ѕвезде Гранд

Легендата на народната музика, кралот на народната музика како што го нарекоа балканските медиуми, Шабан Шаулиќ, кој за жал го загуби својот живот во сообракајка во Германија, важеше за човекот чиј глас беше како што велат неговите колеги, глас број еден на Балканот, човек учител од кого сите други учеа за музиката. Шабан беше човек и пејач респектиран не само од своите колеги, туку од своите соседи, пријатели и роднини.

Околу тоа кој беше Шабан Шаулиќ, се пишувало во повеќе наврати. Роден е на 6-ти септември 1951 година во Шабац. Голем дел од детството поминал во Бјелина. Со неговата сестра имале скромно детство, бидејќи родителите немале редовни примања, таткото продавал лотарија, а мајката пак – играчки.

Сепак, неговиот чичко Алија сметал дека од музика ќе може да заработи повеќе пари. Една ноќ го викнал во кафеаната каде седел со друштвото и му рекол да им запее. И покрај тоа што се срамел, сепак Шабан не го одбил својот чичко кој бил голем авторитет за него. Така, почнала неговата кариера, а токму благодарение на неговиот талент Шабан успеа да се пробие и да биде она што и е – број еден за народна музика на Балканот но и пошироко. Големиот Шабан знаеше да пушти и солза. Како дел од жирито на Ѕвезде Гранда, додека еден од учесниците ја пееше песната „Отац“ Шабан не издржа, пушти солзи и плачеше. Тогашната состојба на Шаулиќ ги изненади сите во жирито, особено пејачката Марија Шерифовиќ.

Дива, па плаче. Неговите солзи тогаш ја расплакаа и Јелена Карлеуша. Погледнете го ова видео.

поврзани објави

Последни објави