Утрото неговата вереница Марина Гагиќ се породи, а вечерта Дарко Лазиќ го прослави раѓањето на синот и не ги жалеше парите. Тој прослави со семејството и пријателите, а покрај тоа што и самиот го фати микрофонот, постојано нарачуваше и песни од своите колеги. Беше највесел, што е нормално. Не го пушти микрофонот од рака, а за секоја песна на колегите им даваше по 50, 100, 200 евра…Потроши над 10 илјади евра, изјавил извор за српски „Курир“.
Дарко Лазиќ го прослави раѓањето на синот Алекеј со жива музика и многу пријатели и роднини. Пејачот славел под шатор скоро цел ден во неговиот дом во Брестач. На крај, како што налагале српските обичаи, му ја искинале маицата.
Највесел бил таткото на Дарко, Милан кој исто така завршил со искината маица.