Никола Груевски има статус на бегалец и не може да биде екстрадиран во матичната земја, одлучи денеска судот во Будимпешта, повикувајќи се на унгарското законодавство. Судијката Ева Варежи во одлуката навела дека барањето за екстрадиција е одбиено бидејќи неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина. Судијката навела дека не се исполнети ниту условите за меѓународната потерница, распишана од македонските власти.
По одлуката на судот се огласи и Груевски тој на неговиот профил на ФБ напиша: Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати.
Екс премиерот одбиваше да одговара на новинарски прашања односно одговори кратко: „ Денеска не одговорам на прашања, во друга прилика“.