27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Ѓорчев зборуваше за Курто Дудуш, Џафери му го исклучи микрофонот (Видео)

Талат Џафери по кој знае кој пат повторно ги цензурира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го одзема правото на збор во Собранието, информира порталот Курир. На денешната собраниска седница за реконструкција на владата, Џафери ги исклучи микрофоните кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев зборуваше како Курто Дудуш измачува и тероризира граѓани, а никој од владата не реагира, туку напротив го штитат.

-Ќе го спомнуваме Курто Дудуш затоа што нема кривична пријава, затоа тепа луѓе, затоа што во Шуто Оризари се случува терор, Елвис Бајрам беше претепан му беше скршен черепот, а истиот насилник градоначалник сега тепа луѓе во својата канцеларија и никој од владата не мрда и затоа што власта го штити, изјави Ѓорчев.

После овие зборови Џафери ги исклучи микрофоните и не му дозволи на Ѓорчев да го заврши своето обраќање.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави