Еден од највлијателните политичари во соседна Република Бугарија Андреј Ковачев, пратеник на владејачката ГЕРБ во европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија, во интервју за порталот „Лидер“ вели дека на Македонија никој не сака да и го одземе Гоце Делчев од историјата, затоа што, како што вели, Делчев е дел од историјата и на Македонија и на Бугарија.
Вие имате целосно право да сте Македонци и да се самоопределите така како што сакате. Мојата молба е само да ги читаме оригиналните текстови од соодветната епоха, всушност така е запишано и во самиот договор за добрососедство, дека треба да се работи врз база на автентичните документи, артефакти, споменици, од соодветната епоха. Нема никоја историографија, надвор онаа во поранешната СРМ, која смета дека Гоце Делчев не е Бугарин.
Самиот тој се определил како Бугарин, јас го поздравувам и му чествувам на претседателот Пендаровски затоа што кажа дека Гоце Делчев се самоопределил за Бугарин.
И Гоце Делчев и Тодор Александров и Ванчо Михајлов се бореле за Македонија, за тоа нема никаков сомнеж, исто како што нема сомнеж дека тие се самоопределиле за Бугари од Македонија или Македонски Бугари.
Ние сметаме дека вие историски сте најблизок народ до нас и сакаме што побргу да станете членка на Европската унија.
Ковачев зборуваше и за актуелната економска соработка помеѓу Македонија и Бугарија, како и европските перспективи на нашата земја.
Целото интервју на „Лидер“ со европратеникот Ковачев можете да го погледнете ОВДЕ