Паметниот телефон кој е во соработка со Бентли, е лансиран од британската компанија “Vertu”. Тој чини 10.700 фунти, што е еднакво на вредноста на 20 нови iPhone 6 на британскиот пазар.
Иако “технолошки не отскокнува” од останатите слични паметни телефони, она што го прави посебен е тоа што сите негови модели се рачна изработка и имаат потпис од креаторот внатре во уредот.
Тоа што исто така ги прави различни е специфичниот дизајн, како и препознатливото дијамантно лого на Бентли.
Мобилниот едноставно е наречен “Vertu for Bentley” и однадвор е кожен, а за неговата изработка е употребен титаниум.
Иако неговиот надорешен дизајн не е по сечиј вкус, претходната верзија на телефонот многу добро се продавала на рускиот и на азискиот пазар и на Блискиот Исток. Но, неговата најголема предност не лежи во луксузниот дизајн туку во “ексклузивните услуги на личниот асистент”, кои ги обезбедува овој мобилен.
Всушност, доколку сопственикот на телефонот сака да резервира или купи карти за веќе распродаден концерт или даа резервира во најпопуларниот и најлуксузниот ресторан, персоналот на Vertu тврди дека таквите барања за нив се лесно остварливи, пренесува Telegraph.
Токму можноста вработените во Vertu да ги извршуваат ваквите услуги на личен асистент за сопствениците на уредот ја оправдува неговата висока цена.
Персоналот на Vertu исто така на барање на сопственикот може да купува поклони за неговите пријатели, роднини или да организира забави за различни пригоди.
Сопственикот на телефонот со персоналот на Vertu задачите ги договара едноставно преку четување, а може и преку повик.
Инаку, “Vertu for Bentley” е Андроид со 64 GB меморија и со процесор од 2,3 Ghz па доколку го тргнете на страна услугите од персоналот на Vertu и луксузниот дизајн на телефонот, станува збор за обичен смарт-телефон кој технолошки не е ништо подобар од Samsung Galaxy S5.