4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Малиот Луј

Политиката во Македонија веќе подолг период наликува на лоша фарса во која се зборува за дворски сплеткарења од пред неколку века. Главниот лик во нашата претстава е Зоран Заев, политичарот сонце, тој незаменлвиот и непогрешливиот, најсилниот… Во ред во ред… ,,мало смо се шалили” што би рекол самиот тој. Овие епитети секако дека не му прилегаат, тоа го знаат сите, но не и тој.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Среди се што можеше да се среди како премиер, па сега ќе досреди и како министер за финансии. Не ми верувате? Добро и не мора! Па од кај знаеме ние кои приоритети си ги има човекот!? Можеби негов приоритет воопшто и не сме ние, граѓаните на Македонија. Си има човекот грижи, не за џабе сака да биде и министер за финансии. Ако за време на неговиот мандат само како премиер Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија Герас Цунев и што ли уште не, може да замислиме што ќе биде со семејните бизниси кога Заев ќе биде и премиер и министер за финансии.

Човекот чија влада е фатена во мега афера на непотизам, сомнежи за криминал и корупција со државни тендери, сега ќе биде главен трезорист. Заев буквално сака да пали и гаси во државата. Како што тргнало, побргу ќе не угасу и тоа во буквална смисла, ако не му се спротивставиме со време. Колку милиони ќе земе, на што ќе ги потроши и на кој ќе ги даде ќе одлучува само тој. Демократија? Да ама не овде. Овде е тоталитаризам.

И така Заев, човек кој во нормални услови немаше да се занимава со политика, а не пак да води држава, сега не само што е премиер, е и министер за финансии. Се прашувате за компетенциите? Па нормално дека ги има – ,,едно евро за Вицето” е систем патентиран и разработен, па зарем да остане така без да процути во целиот негов сјај? Знае и самиот дека власта нема да ја има уште долго, па да искористи максимално тоа што се може.

Од каде го влечам заклучокот? Од историјата, не сакам да живееме во историја, напротив мислам дека треба да гледаме кон иднината и да работиме за благосостојба и општ наредок, но кога се работи за политика неминовно е да видиме што говори минатото. А минатото вели дека секогаш кога некој ја земал апсолутната власт во свои раце, кога бил и цар и касиер и судија и обвинител му се ближел крајот. Приграбувањето на апсолутната власт е само страв од нејзиното неминовно губење. И како што паднаа и Луевци, Нацистите и Комунистите, кои беа најсурови пред да паднат, така ќе падне и секој друг авторитарен систем, без разлика колку и да се прикрива зад превезот демократија, збор кој незнаат ни што значи.

Крајот им е блиску, да не дозволиме да го угасат светлото.

поврзани објави

Последни објави