Европската агенција на регулаторни тела (ИБИУ) со мнозинство гласови одби Косово да го прифати како одвоена држава, пишува Плус инфо.
Со тоа практично е ставена точка на актуелното тежнеење на Косово како „самостојна држава“ да учествува на Евровизија. Состанокот на кој се одлучило за апликацијата на Косово е завршен пред неколку часа.
На состанокот во Осло РТС успеа да се избори Косово да не биде примено во оваа организација како редовен член, па поради тоа Косово и понатака не ќе можат да учествуваат во изборот за песна на Евровизија.
Миливоје Михајловиќ, помошник директорот на РТС изјави дека процесот за прием на Косово траел една година, а бил инициран од јавните сервиси на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Словенија.
Целиот текст на Плус инфо