Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги покоси сите модни правила. Тој на вчерашното гласање на локалните избори ја шокираше јавноста со нов моден стил.
На гласачкото место се упати облечен во сако со бела кошула која слободно паѓа, со марамче во реверот, а наместо пантолони носеше бермуди во комбинација со високи чорапи скоро до колена и црни чевли.
Неговиот аутфит предизвика лавина коментари на интернет и по социјалните мрежи. И неговата сопруга Линда ја изненади јавноста со својата чудна облека.
Албанскиот премиер Еди Рама многу често е мета на критики за стајлингот што го одбира за средбите на високо ниво со неговите колеги. Рама на официјални средби во Брисел често оди облечен во костум кој невешто го комбинира со патики.
ERTV Live😊: SURREL #UnëVotoj #30QERSHOR🌹 ⭐BASHKIA QE DUAM⭐ SHQIPERIA🇦🇱QE🇪🇺DUAM
Posted by Edi Rama on Sunday, June 30, 2019