14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение ја информираше јавноста дека пратениците на СДСМ од „Шарената револуција“, Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски, донирале парични средства на сметка на партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ ова е пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ.

„Невработениот студент од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии невработениот студент Туфекџиќ реши да ги донира на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Толку од лицемерниот граѓански активизам.

Соросoвите плати, невладиниот Павле Богоевски во четири наврати ги донирал на сметка на СДСМ. Вкупно 184.000 денари.

Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ/Сорос. Едно кажуваат, друго прават.

Устите им се полни со зборови како демократија, слобода и борба за правда, а парите ги даваат во партија водена од двојно аболициран криминалец кој на очиглед на целата јавност бара поткуп.

Зборуваат за борба против криминалот, а поддржуваат партија што го измисли и промовираше организираниот криминал.

Го критикуваат здравството и злоупотребуваат туѓи судбини, а парите ги даваат во партијата што инвестираше во бисери и ѓердани наместо во медицинска опрема за здравството и не изгради и не реновираше ниту еден студентски дом во Македонија.

Туфекџиќ и Богоевски наводно се грижат за граѓаните, а донираа илјадници евра на партијата која се залага за виткање на кичмата, избрка од работа 200.000 граѓани и затвори речиси 700 фабрики.

Туфекџиќ, Богоевски и Лидија Димова, се најдобар пример како функционираше Сорос/СДСМ и како нивниот патрон Владе Милчин го уништи невладиниот сектор. Според насоките на нивниот ментор, дење се нарекуваат цивили и активисти, а навечер седнуваат во скутот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Овие луѓе се најдобар показател зошто на Македонија и е неопходен процесот на десоросоизација.“, стои во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави