fbpx
11.8 C
Skopje

Хан со донација од 33 теренски возила за МВР

АКТУЕЛНО

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан по средбите со лидерите на политичките партии, донираше 33 теренски возила за МВР од ЕУ, за справување со мигрантската криза.

„Со оваа помош ќе се помогне и во подобрувањето на капацитетите во борбата против шверцот на луѓе, криумчарењето мигранти и прекуграничниот криминал. Помошта не е во полза само на властите, туку и во полза на бегалците“, изјави Хан.

Во Гевгелија беше донирана опрема за брзата помош, додека во Куманово се донирани возила за собирање на смет на куминалното претпријатие.

„Доаѓам од средба со претседателот Ѓорге Иванов кој ме замоли да и помогнам на Македонија. Ваквите акции ја демонстрираат силната врска меѓу Македонија и ЕУ. Ова е почеток на кампањата која е насловена „ЕУ за тебе“, додаде Хан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -