Адријан Линам (43) е осуден на четири и пол месеци затвор заради бигамија. Причината за казната е тоа што се оженил со девојката со која ја изневерувал сопругата цели три години и на крајот судбоносно ДА изговорил на истата плажа на која го поминал медениот месец со законската жена.
За сето тоа време неговата сопруга Лиз (37) ништо не се сомневала, мислејќи дека нивната љубов цвета и дека со бракот се им е во најдобар ред.
Но Адријан водел двоен живот за кој неговата жена немала поим дека постои. Дури и отишол дотаму што со љубовницата се оженил на истата плажа на која на вечна верност и се колнел на својата сопруга. Неговата жена открила се кога ги видела свадбените фотографии на фејсбук!
-Адријан ја изневерувал со години, а двоен живот водел така што ја лажел дека држи часови по нуркање во Бристол. А таму всушност живеел со Хејли. Со која и се венчал иако бил оженет со Лиз, која доживеала вистински шок кога добила писмо од свекрвата во кое таа и рекла оти и жал што се разделиле со син и. Измамената Лиз потоа почнала да истражува по фејсбук и имала што да види.
Ужасот да биде поголем Адријан дури и го имал истиот кум на двете венчавки, и нему му рекол дека се развел.
-Иако сега е осуден “втората” сопруга е покрај него, додека првата и понатаму е во шок: “Верував дека такви работи се случуваат само на филм, особено не мене. Сега веќе никому не верувам”.