2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ако планирате да патувате таму: Колку ќе ве чини еден ден на плажа во Црна Гора?

Доколку Црна Гора е вашата дестинација за овогодинешниот одмор, во никој случај не пропуштајте шанса да ја посетите најпопуларната плажа кај Будва. Плажата Јаз е оддалечена десетина минути со автомобил од градот, а паркингот е голем и бесплатен. Две лежалки со чадор за сонце и масичка коштаат од 10 до 12 евра на ден. За балдахините, пак, се доста поскапи и коштаат 20 евра на ден. Доколку не сакате да изнајмите лежалки, на плажата има и места каде може да поставите свој чадори и крпа. Во понудата на бич-баровите може да порачате и ракија од 1.5 евра, како и сите други жестоки пијалоци чија цена не надминува 4.5 евра. Храна може да најдете од најевтина брза храна за 2 евра до неколку десетици евра за специјалитетите по рестораните.

На неколку места може да најдете сладолед, а на плажата има и продавачи на крофни и масло за сончање.

Еден ден во водениот парк за децата чини 20 евра, а цената на тобоганите зависи од минутажата. Водената забава за возрасните кошта од 4 до 60 евра, во зависност од активностите.

Извор: Скопјеинфо

поврзани објави

Последни објави