На Фејсбук групата “Ѕид на сообраќајниот срам“, од член на истата се објавени фотографии, за кои наводно станува збор за автомобил на директор на една скопска гимназија.
-Се сеќавате на директорот на Корчагин и како тоа он си паркираше под сенка во тревник и некој го сликаше и го стави на ѕидот на сообраќајниот срам?
Викендов работеа со механизација и оп… од денес директорот ќе има обезбедено паркинг место под сенка. Да не се секирате, сега директорот Драган Арсовски има кај да паркира и нема да паркира веќе во тревник. Се надевам дека паркинг местото не е дивоградба и има дозвола од Град Скопје и Општина Центар, стои во објавата.
Линк до објавата – ОВДЕ