3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Зошто имате погрешно мислење за нас Бугарките, не сме сите „такви“

Поздрав до вашите читатели. Повод за ова мое обраќање е нервозата и револтот кој ми го создава, кога по порталите, а порано весниците ќе прочитав текстови и коментари од типот Бугарките се вакви, онакви, две чрвени, три чрвени…

Се викам Галена и потекнувам од Благоевград. Омажена сум во Македонија и мајка на две деца. Со сопругот се запознавме во моето родно место, тој беше спортист и со својата екипа гостуваа на натпревар со нашиот локален клуб. Се запознавме во еден ноќен клуб, сКога се преселив во Скопје ми беше малку тешко, но брзо се навикнав, бидејќи јазикот ни е сличен, но и обичаите, животот во целина. Често одиме кај моите во Бугарија, а сопругот е прекрасно прифатен од мојата фамилија.

Но, ми се јавува еден револт, поради кој и ви пишав. Имено, многу често во медиумите знам да прочитам навредливи зборови за нас Бугарите. Особено жените. Како тие во минатото овде се продавале за ситни пари. Почитувани читатели, тоа што се случувало во минатото, се случува и денес. Најстариот занает на светот никогаш не замрел и со ист интензитет си се одвива низ годините, а ќе продолжи во иднина.

Кога ќе прокоментирате со навредливи зборови за Бугарките, помислете дека и во вашата земја постои неморал и ваши државјани одбрале занаетот да им биде оној најстариот. Помислете дека чесните жени од оваа или онаа страна на границата, или од Србија, Грција, Германија… ги навредувате со генерализирање на тезата со две и три чрвени.

Навистина ми требаше време да им објаснам на моите малолетни дечиња, кои патем читаат на интернет, дека овие дијалози не ја засегаат и нивната мајка која е Бугарка, односно, дека не се сите луѓе исти.

Пријатели, време е да го елиминираме антагонизмот и нетрпеливоста од нашите срца. Во време на глобализација, кога се измешавме меѓу себе, треба да заборавиме на националистичката реторика, која понекогаш во недостаток на аргументи, се претвора во навреда и омаловажување. Наместо тоа, да се отвориме едни кон други, да не зближува културата, спортот, човечноста..е роди љубов голема и еве веќе петнаесет години таа трае.

поврзани објави

Последни објави